Повторно протест за чист воздух

Невладините организации и здруженија денеска повторно ќе излезат на протест откако не добија одговор на нивните барања за спроведување на мерките за намалување на аерозагадувањето.

Детали за протестот

Протестниот марш за чист воздух започнува во 12:30 часот од Министерство за животна средина и просторно планирање, продолжува преку Собранието, Владата и ќе заврши пред зградата на Град Скопје.

Зошто се протсетира и што се бара од властите?

Организаторите истакнуваат дека повторно излегуваат на протест затоа што надлежните институции не одговориле на барањата на граѓаните за чист воздух, изразени на претходниот протест одржан на 10-ти декември. Во соопштението, здруженијата нагласуваат потреба од итни и системски мерки за справување со загадувањето на воздухот. Тие бараат имплементација на ефикасни решенија што ќе го заштитат здравјето на граѓаните и ќе доведат до драстично намалување на аерозагадувањето.

Организатори

Меѓу здруженијата кои ја поддржуваат иницијативата се „Шанса за Центар“, „Зелен хуман град“, „О2 иницијатива“, „На точак“ и „Независни за Карпош“.

Апел до институциите

Невладините организации и здруженија побараа од Владата, локалните власти и другите надлежни институции да преземат итни и среднорочни мерки за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот.