Претставници на здравствените власти од Нов Зеланд денеска соопштија за 27 нови случаи на многу заразната делта варијанта на коронавирусот во Оукланд, во кој граѓаните излегоа на улиците протестирајќи против речиси двомесечното затворање на најголемиот град во земјата.
Британските медиуми јавуваат дека 1,7 милиона жители на Окленд во понеделникот ја чекаат владината одлука дали ќе останат и натаму „заклучени“ од остатокот на Нов Зеланд.
Дневниот број на случаи во последните денови варираше меѓу осум и 45, а вкупниот број на заразени во градот е 1.295.
Кон средината на август, премиерката Jacинда Ардерн го воведе тоа што требаше да биде „кратко и остро“ затворање на земјата, како одговор на појавата за заразата во Окленд, но додека остатокот од земјата се врати во нормалниот животен ритам, градот од северниот остров остана „заклучен“ веќе седум недели.