Неверојатна завршница на сезоната во шведското првенство. Сириус за првпат во својата 119-годишна историја ја освои шампионската титула, откако во последното коло славеше на гостувањето кај Гетеборг со 1:0, додека Хамарби истовремено загуби од Вестерас со идентичен резултат.

Херој на тимот од Упсала беше Залан Ванча, кој го постигна победничкиот гол во 87. минута од натпреварот. Во исто време, Хамарби, кој пред последното коло имаше подобра гол-разлика и сам одлучуваше за шампионскиот трофеј, не успеа да ја оправда улогата на фаворит.

Сириус ја завршува сезоната со вкупно 64 бода, односно три повеќе од второпласираниот Хамарби, освојувајќи го првиот шампионски пехар во историјата на клубот. Успехот добива уште поголема тежина со оглед на тоа што во еден момент од сезоната тимот имаше дури 14 бода предност, но во самиот финиш им дозволи на ривалите целосно да се вратат во трката за титулата.