Одлуката на ВАР да не досуди пенал за Манчестер Сити во самиот финиш од дерби дуелот против Арсенал предизвика бурни реакции во јавноста. Во 97. минута од натпреварот, топката по ударот со глава на Јошко Гвардиол директно го погоди Виктор Ѓокереш во раката, но официјалното образложение на арбитрите беше дека таа се наоѓала во природна положба.

Навивачите на Манчестер Сити не го прифатија ваквото судиско толкување. Тие оценија дека станува збор за очигледно играње со рака кое директно ја спречило топката да продолжи да се движи кон противничкиот гол.

„Ова е најочигледниот пенал што некогаш сум го видел“, гласи една од реакциите на социјалните мрежи.