Во ЈЗУ Општа Болница Кавадарци, успешно беше изведена првата лапароскопска уролошка операција кај пациент на возраст од 38 години со дијагностицирана варикоцела, информираа попладнево од Болницата.

– Операцијата беше изведена од Тони Нешковски и тимот од Одделот за уролошка хирургија, во соработка со проф. Д-р Јован Ивчев, како и со анестезиолошкиот тим предводен од спец. д-р Билјана Еленова, соопштија од Болницата.

Оттаму упатија честитки до целиот тим.

Притоа истакнаа дека оваа интервенција претставува значаен чекор напред во развојот на минимално инвазивната хирургија во оваа установа и потврдува, како што додадоа, дека Општата болница Кавадарци продолжува да го унапредува квалитетот на здравствените услуги во корист на пациентите.