Самопопишувањето на дијаспората продолжува и се одвива без проблеми, а отстранети се сите технички проблеми. Досега се попишани над 82 илјади наши сограѓани од странство. Најмногу од Швајцарија – 26 илјади, Германија – 19 илјади и Италија со над десет илјади самопопишани граѓани.
Завршени се обуките на државните инструктори, кои заедно со комисиите на пописните региони ќе го организираат тестирањето на кандидатите кои се пријавуваат на дополнителниот Конкурс за попишувачи, кој е отворен до утре.
Попишувачите ќе имаат можност да заработат хонорар и до 35 илјади денари и ќе бидат на терен од 1 до 21 април годинва. Најголем од досега пријавените се студенти и невработени.
Ова го порача на заедничка прес-конференција за претстојниот Попис на население, домаќинства и станови, портпаролите на Владата на Република Македонија, Душко Арсовски и Муамет Хоџа.