Според локалните медиуми дел припадници на правосудната полиција и вработени во затворскиот систем од утрово протестираат пред затворот во Реметинац. Тие не прифаќаат покажување ковид-потврди при доаѓање на работа.

Протест против задолжителните ковид-потврди има и во Сплит пред полициска станица, јавија хрватските медиуми. Во Хрватска од денеска важи правилото за задолжителни ковид-потврди за вработените во јавните и државните установи.

Сертификатите за ковид докажуваат дека некој е вакциниран, дека прележал од ковид-19 или е негативен. А за оние кои не биле вакцинирани или прележале Ковид, се воведува мерка задолжително тестирање за коронавирус.

Безбедно ли е комбинирањето на вакцини?
Сертификациите за ковид се воведуваат и во училиштата, но само за вработените.

Новата мерка во борбата против пандемијата на коронавирус беше критикувана од опозицијата која ја оцени како поделба на граѓани од прв и втор ред.