Агата, првиот ураган оваа сезона, се движи кон туристичките населби и плажите на јужното тихоокеанско крајбрежје на Мексико, со предуредувања од надлежните дека невремето носи силни дождови и можни поплави.

Ураганот вчера почна да добива на сила и се предвидува дека до мексиканскиот брег каде се предвидува дека ќе пристигне попладнево или најдоцна вечерва ќе достигне силина од категорија три.

Националниот центар за урагани на САД појаснува дека невремето се движи кон областа Пуерто Ескондидо и Пуерти Анхел во јужната мексиканска држава Оахака каде се сместени познатите туристички места.

Центарот за урагани предуреди дека Агата би можел да донесе мошне опасно невреме со силни ветрови.

Ураганот доцна синоќа се наоѓаше околу 225 километри југозападно од Пуерто Анхел и се движи кон север со брзина од девет километри на час. Наместа ударите на ветерот достигнаа брзина од 175 километри на час, што е мошне блиску до категоријата три.