Премиерот Христијан Мицкоски ги обележа првите 100 дена од новата влада со осврт на предизвиците и успесите во овој период, најавувајќи нови проекти и инвестиции кои ќе донесат промени за државата. Во видео обраќање на својот Фејсбук профил, тој им се заблагодари на граѓаните за нивната подршка и го нагласи значењето на заедничката работа за иднината на Македонија.
Наследени проблеми и нови можности
Мицкоски истакна дека новата влада се соочила со бројни наследени проблеми, но нагласи дека има големи очекувања и надежи за иднината.
„Првите 100 дена беа исполнети со предизвици, но и со нови можности. Она што го наследивме не беше лесно, но се подготвуваме за многу нови проекти и мерки,“ рече тој.
Визијата за идните генерации
Во своето обраќање, Микоски ја нагласи важноста на поддршката од граѓаните и нивните идеи.
„Вашата поддршка е нашата најголема сила. Заедно ја градиме државата за идните генерации,“ истакна тој, додавајќи дека првите 100 дена се само почеток на планираните промени.
Нови проекти и инвестиции
Премиерот најави дека нови инвестиции и проекти се на хоризонтот, со фокус на развојот на земјата и подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните.
„Подготвуваме нови проекти и мерки кои ќе донесат позитивни промени. Македонија повторно станува твоја,“ изјави Мицкоски, завршувајќи го своето обраќање со благодарност до граѓаните што се дел од промената.