Од 6 октомври започнуваат првите СЕПА трансакции

Европскиот совет за плаќања (ЕПС) ги впиша првите четири банки од Македонија во официјалниот регистар на учесници во шемата за кредитни трансфери на СЕПА (Единствена област за плаќање во евра). Станува збор за три големи и една средна банка кои успешно ги поднеле потребните барања и со тоа го отворија патот за првите СЕПА плаќања од земјава.

Според најавите, овие банки ќе започнат со вршење на СЕПА трансакции од 6 октомври 2025 година, што ќе овозможи побрзо, поевтино и поефикасно извршување на плаќања во евра, како на национално, така и на прекугранично ниво.

Повеќе може да погледнете од продолжение:

Македонија станува дел од СЕПА: Што значи ова за граѓаните и економијата?

Следуваат уште осум банки до есен

Очекувањата се дека и останатите осум деловни банки, кои веќе најавиле поднесување на барања за приклучување кон СЕПА. Периодот е од јуни до август 2025 година, ќе бидат впишани во регистарот на ЕПС навреме. Со тоа, и тие ќе започнат со извршување на плаќања во рамките на европската платежна шема до 6 октомври.

Ова е директна последица на одлуката од 6 март 2025 година, кога ЕПС официјално го прифати барањето на Народната банка на Република Македонија за членство на земјава во СЕПА.

Што значи СЕПА за граѓаните и компаниите?

Со приклучувањето на Македонија кон СЕПА, домашните банки стануваат дел од шемата што овозможува унифицирано, брзо и сигурно плаќање во евра низ целиот СЕПА простор, кој опфаќа 41 држава, вклучувајќи ги сите земји од ЕУ, ЕЕА и неколку други.

Ова значи:

  • Поедноставени и поевтини трансакции во евра

  • Придобивки за граѓаните кои примаат плати, пензии или испраќаат пари во евра

  • Поттик за компаниите кои увезуваат или извезуваат во еврозоната

  • Засилена економска поврзаност со европските пазари

Народната банка најави дека ќе продолжи да го координира процесот на интеграција и редовно ќе ја информира јавноста за понатамошните чекори и напредокот.

Извор: Економија и бизнис