Построги услови за лиценцирање на угостителските и градежните објекти
Владата подготвува законски измени со кои ќе се зголеми контролата врз угостителите и градежниот сектор. Со тоа, добивањето лиценца ќе зависи од претходен надзор од пазарниот инспекторат и другите надлежни институции.
Направени контроли на над 3100 лиценци: Објавена листата на правни лица со одземени лиценци
Нови правила за угостителските објекти
Пред да добијат лиценца, угостителите ќе мора:
Да поднесат пријава до градоначалникот, Инспекторатот, Дирекцијата за заштита и спасување, Агенцијата за храна и ветеринарство и други институции.
Да поминат детална проверка за исполнување на сите стандарди.
Да се придржуваат до повисоки казни за непочитување на правилата.
Строги контроли и во градежниот сектор
Од 3.100 лиценцирани компании, кај 479 се откриени неправилности, па лиценците им се одземени. Министерот Николоски најави задолжителни контроли на секои шест месеци, наместо досегашниот доброволен надзор. Контролите ќе се однесуваат на бројот на вработени, додека квалитетот на изведба ќе биде предмет на посебен надзор.
Цел на реформите
Зголемување на безбедноста и квалитетот во двата сектори. Спречување на нерегуларности при работењето. Потранспарентен систем за издавање лиценци.
Очекувањата се дека новите измени ќе придонесат за подобрување на угостителските и градежните услуги во земјата.
Претходно, министерот Александар Николоски за ваквите одземања на лиценци инфомираше и на гостувањето на Сител ТВ. Повеќе може да прочитате од линкот во продолжение:
Николоски: Преку сериозна акција одземавме 427 лиценци, најголем дел се од Б категорија
Министерството за транспорт и врски направи проверки на над 3100 лиценци. Вицепремиерот рече дека моментално се врши проверка на сите издадени лиценци и овластувања. Угостителските и градежните објекти нема повеќе да функционираат „како до сега“.
Извор: МРТ