Во Србија во изминатото деноноќие биле направени 9.389 тестови за коронавирус, а регистрирани се 834 новозаболени лица.
Од последици предизвикани од ковид-19 во последите 24 часа починале 19 пациенти.
Во болниците низ Србија во моментов од корона се лекуваат 3.827 пациенти, 137 се на респиратор, соопшти министерството за здравство на Србија.
Од почетокот на пандемијата вкупниот број на заболени во Србија е 700.408 лица, а починале 6.558 граѓани, а биле направени 3.929.245 теста.