26-годишен скопјанец е лишен од слобода откако полицијата го затекнала како од возило во движење испукува неколку куршуми во воздух пред угостителски објект во Скопје.
Случајот се случил на 19 август во 13:50 часот на улицата „Драчевска“, каде полициски службеници од СВР Скопје го привеле Л.Р. (26) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.
Според информациите од полицијата, 26-годишникот бил затекнат во двор на угостителски објект на истата улица во момент кога од објектот излегувале гости.
Тој, како што е наведено, од возило во движење со пиштол испукал неколку куршуми во воздух. Пиштолот му бил одземен, а Л.Р. бил приведен и задржан во полициска станица.
По целосното документирање на случајот и во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
