Во Гостивар ноќеска биле испукани неколку истрели од огнено оружје од патничко возило, по што 65-годишен жител на градот сам се пријавил во полициската станица, а од него бил одземен пиштол.
Според информациите од СВР Тетово, инцидентот бил пријавен околу 00:13 часот. Во пријавата било наведено дека непознато лице, кое се движело со возило „џип“, испукало неколку истрели, по што заминало кон центарот на Гостивар.
Во пукањето нема пријавено повредени лица.
Околу два часа подоцна, во 02:10 часот, во Полициската станица во Гостивар сам се пријавил А.М. (65) од Гостивар.
Од него биле одземени пиштол „берета“, кој го поседувал со дозвола, една рамка со осум куршуми и уште една празна рамка за истото оружје.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот, а по неговото документирање против А.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
