Подоцна, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди од огнено оружје се пријавил М.А., додека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди од огнено оружје бил донесен Б.А.. Во истата болница со повреди од огнено оружје бил донесен и Ф.Н., кој пред полициските службеници изјавил дека се повредил во сообраќајна незгода, по што заминал без да му биде утврден карактерот на повредите. Во врска со случајот, од местото биле подигнати чаури од пиштол и две патнички возила. Се преземаат мерки за комплетно расчистување на случајот по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Пукање во Арачиново: Две лица пренесени во болница
П
Во СВР Скопје од полициски службеници во полициска станица вчера биле приведени М.А, М.С.(35) од село Страчинци и Н.Џ.(27) од село Арачиново, постапувајќи по пријава според која околу 02:00 часот, по претходна расправија, во село Арачиново, скопско, М.А.(31) од село Страчинци, скопско, испукал од огнено оружје и го повредил Б.А.(36) од село Арачиново, скопско, поради долг што го имал Б.А. кон него.