Повикувајќи се на извори од местото на настанот, медиумите јавуваат дека непознато лице пукало во автобусот и ги убило возачот и двајца студенти.
Во болницата во Пеќ за медиумите потврдија дека во престрелката загинале двајца студенти и возач на автобус.
Од полицијата се уште не ги потврдуваат овие наводи, но во првиот устен извештај за медиумите изјавија дека се повредени две лица.
– Според информациите со кои располагаме, се сомнева дека имало пукање во правец на автобусот и дека две лица се повредени – соопштија од полицијата во Пеќ.
На местото на настанот е и дежурниот обвинител.