За време на ланските масовни протести во Белорусија, непосредно по оспорените претседателски избори, за кои опозицијата твредеше дека се наместени Путин застана зад Лукашенко.

-Знаеме дека ситуацијата во Белорусија се смири, внатре во земјата, но се уште има проблеми, ние сме целосно свесни за тоа. Секако, повикуваме на дијалог меѓу власта и опозицијата. Но, Русија дефинитивно ќе продолжи со својот пристап за зајакнување на врските и продлабочување на процесот на интеграција со Белорусија, рече Путин во говорот пред претставниците на руската надворешна политика во Москва

-Путин наводно штотуку го повика Лукашенко да почне дијалог со опозицијата, изјави Франак Виачорка, советник на опозициската лидерка Светлана Тихановскаја, која лани се кандидираше против Лукашенко на изборите, откако истото му беше забрането на нејзиниот сопруг.

-Но, пред да се одржи дијалогот, ние мора да се погрижиме тој да не се одржи во затвор. Како предуслов за разговори, сите политички затвореници мора да бидат ослободени, а насилството мора да престане, додаде Виачорка.