Украина ја блокира прогресот во преговорите и напаѓа енергетска инфраструктура

Путин ја обвини Украина дека се обидува да ги минира мировните преговори, истовремено напаѓајќи ја руската енергетска мрежа. Тој наведе дека со овие активности се спречува напредокот во преговарачкиот процес, кој Русија веќе го остварила. Според него, нападите се насочени кон енергетската инфраструктура и стратешки објекти.

Путин додаде дека украинската страна делува со помош на западните разузнавачки служби, кои, според него, учествуваат во нападите. Тој посочи дека можни цели на овие дејства би можеле да бидат гасоводите на дното на Црно Море, Турски поток и Син поток.

„Противниците на Русија прават сè за да го спречат напредокот што го постигна Русија во преговарачкиот процес“, нагласи Путин.

Понатаму, рускиот претседател истакна дека се зголемени терористичките напади во земјата и дека е потребна засилена заштита на доверливите информации поврзани со армијата и воената индустрија.

ФСБ даде значаен придонес во заштитата на државата

На средбата со претставници на Руската Федерална служба за безбедност, Путин оцени дека службата дала значителен придонес во зачувувањето на суверенитетот и во обезбедувањето на безбедноста на граѓаните. Тој ја пофали нивната работа во текот на изминатата 2025 година.

„ФСБ даде најважен, значаен придонес во обезбедувањето на суверенитетот, во заштитата на безбедноста на нашите граѓани. Во текот на изминатата 2025 година, во сите клучни области, вие и вашите колеги достојно ги решивте поставените задачи“, истакна Путин.