Владимир Путин поради операцијата ќе беше принуден да ја предаде власта. Тој наводно има рак. Лекарите веќе го информирале дека операцијата ќе го оневозможи „за кратко време“.
Негов заменик ќе биде Николај Патрушев, поранешен функционер на КГБ и поранешен шеф на ФСБ кого лично Путин го прогласи за човек од најголема доверба.
Патрушев, кого демонстрантите во Русија го нарекуваат „крвавиот Николај“, е вториот човек во Русија и се претпоставува дека влијаел на Путин да изврши инвазија на Украина.
Иако Кремљ јавно кажува дека Владимир Путин „пука од здравје“ странските медиуми пишуваат дека неодамнешните јавни собири на кои се појавил рускиот претседател покажуваат дека тој изгледа „истресено и отечено“.
Ова доведе до шпекулации дека освен од рак тој можеби боледува и од неколку болести, меѓу кои и деменција или Паркинсонова болест.