Путин предлага директни преговори со Украина на 15 мај во Истанбул

Рускиот претседател Владимир Путин предложи Русија и Украина да одржат директни преговори без предуслови на 15 мај во Истанбул, каде што преговорите беа започнати, но прекинати во 2022 година. „Предлагаме властите во Киев да ги продолжат преговорите што ги прекинаа. Предлагаме тие да започнат во четврток, 15 мај, во Истанбул“, изјави Путин на прес-конференција.

Тој рече дека ќе се обрати до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за да помогне со организацијата на средбата. Предлогот доаѓа во период кога украинскиот претседател Зеленски, заедно со неколку европски лидери, предложија 30-дневно примирје.

Трамп го поздрави предлогот: „Ова може да биде нов и подобар свет“

На предлогот на Путин реагираше американскиот претседател Доналд Трамп преку својата социјална мрежа Truth Social, нарекувајќи го „голем ден за Русија и Украина“. Тој изрази надеж дека ако се постигне мир, ќе бидат спасени стотици илјади животи и порача: „Тоа ќе биде сосема нов, и многу подобар свет“.

Трамп најави дека ќе се вклучи активно и „ќе работи на двете страни“ за конечно ставање крај на војната, додавајќи дека „доаѓа голема недела“ за мировниот процес.

Примирје во Украина

Овие денови по повод 80 години од победата на фашизмот во Москва има парада. Оваа одлука беше донесена по повод одбележувањето на Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна.

Примирје од 8 до 11 мај во Украина: Путин прогласи прекин на огнот за Денот на победата

Сепак, ова примрије беше прекинато неколку пати.