Нема да дозволам Бугарија да биде вовлечена во конфликтот во Украина, беше одговорот на бугарскиот претседател Румен Радев на новинарската констатација дека само Унгарија и Бугарија не дале оружје за Украина.
Како шеф на државата нема да дозволам Бугарија да биде вовлечена во овој конфликт. Бев избран за да ја бранам безбедноста на Бугарите и мирот во Бугарија. Цената на војната ја плаќаат граѓаните, а не телевизиските проповедници, рече Радев, пренесува БГНЕС.
Бугарскиот претседател ја коментираше и одлуката на ЕУ заеднички да купува гас од трети земји, вклучително и Русија.
-Ова прашање беше покренато како предлог од Шпанија минатото лето, но војната дефинитивно ќе ја принуди ЕУ да дејствува многу посолидарно. И ако тоа се случи, тоа ќе биде успех и за бугарската влада, рече тој.