Рафајловски вели дека политичарите се платени од Буџетот и тие треба да бидат поискрени за разговорите и за целата ситуација во врска со спорот со Бугарија
-Ние имаме недостаток на искрени информации. Нашето опшество поради ова е збунето и се еагира емотивно, во тоа треба да помогнат политичарите. Тоа не е случај во Бугарија, вели амбасадорот.
Според него Македонија има огромна шанса бидејќи основната теза е дека тоа е билатерален спор.
-И Герамнија јасно вели дека тоа е билатерален спор. Исто така кажува дека треба да биде решено меѓу двете држави. Нашите политичари треба подеднакво да разговараат со сите, во спротивно се создаваат барикади и тоа не води кон решение, смета Рафајловски.
Амбасадорот објаснува дека во овој спор никој не попушта, Бугарија има цврсти позиции, а ние влеговме во преговорите како две блиски држави кои имаат заедничка историја.
-Сега се наоѓаме во една шах мат позиција, бидејќи Бугарите не се убедени дека политичката елита која го потпиша Договорот реално и искрено работи на имплементација на истиот, и двете страни се забарикадирани. И ние очекуваме помош од Германија, ама Германија е пријател и на Бугарија и Грција. Тоа пријателство не е ни помало ни поголемо од нашето пријателство, рече Рафајловски.