Две лица загинаа во ракетен напад врз товарен брод во Ормускиот Теснец, соопшти денеска Британскиот центар за поморски трговски операции – УКМТО. Засега не е утврдено кој ја истрелал ракетата.
По ударот, на бродот избувнал пожар, а пловилото останало без електрична енергија и продолжило неконтролирано да се движи.
Екипажот бил евакуиран од погодениот товарен брод.
Засега нема извештаи за последици врз животната средина предизвикани од нападот.
