Одлуката на Приштина ја оцени како избрзана, дека си игра со незнаење и и порача да прифати и да стане дел од оваа иницијатива, бидејќи според него, корист имаат сите Албанци.
Според него, сагата за конфликтот Косово-Србија никогаш не се затвора со изолација, туку само со отворање, пристапување кон проблемот, дискусија.
– Отворен Балкан не е игра на Србија. Отворен Балкан не е руски или кинески заговор за заживување на Југославија. Тоа не е отстапување од интеграцијата. Сето ова се приказни на гугл, со непријател кого Косово, Албанија, конечно го победија како непријател во вистинската војна со топови и пушки, благодарение на САД и најголемите европски сојузници. Секому треба да биде јасно дека Отворен Балкан не е „српска игра“, туку „ пород на Берлинскиот процес“, порача Рама.
Со остри тонови, Рама им одговори на критичарите на оваа иницијатива, кои го нарекуваат предавник, велејќи дека „на Албанија не може да и се држат предавања и за нејзините суверени одлуки не може да се преговара никаде. Времето ќе покаже кој е во право“.
– Косовските власти треба да ја донесат одлуката, додека наше е само да ги почитуваме. Сепак, албанските власти одлучуваат за Албанија и тие мора да ги почитуваат нашите одлуки. Ако не ни се допаѓаат одлуките, треба да разговараме за нив, но никогаш да не ги прогласуваме за предавници, проруси и просрби, оние кои размислуваат поинаку, играјќи со незнаење. Отворениот Балкан е пород на Берлинскиот процес, посочи Рама.
Додаде дека доколку албанскиот народ не се претстави како народ посветен на мирот, тој е предодреден да загуби.