Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека протестите против проектот „Зврнец“ не се еколошко прашање, туку дел од хибридна војна, обвинувајќи го Иран дека стои зад нив. По самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, Рама, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека зад протестите стојат Иранците, за кои тврди дека биле вклучени и во други напади.
Тој додаде дека во моментов нема што да се дискутира во врска со проектот, бидејќи, како што рече, нема одобрен проект, а видеата што се појавиле во јавноста ги оцени како лажни. „Проектот во Зврнец не е оној за кој се зборува. Видовте лажни видеа од Тирана. Нема што да се дискутира, бидејќи нема одобрен проект“, истакна албанскиот премиер.
Во Тирана вечерва треба да се одржи шестиот последователен протест против проектот за изградба на луксузен ресорт во крајбрежната област кај Зврнец, кој се поврзува со Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп. Албанија во септември 2022 година ги прекина дипломатските односи со Иран по серија кибернапади врз системите на државните институции.
Односите меѓу двете земји се тензични и поради тоа што Албанија во 2014 година прими над 3.000 членови на протераната иранска опозициска група Народна муџахединска организација на Иран, која постави камп кај Драч
