Целосно реконструираната спортска сала „Расадник“ во Кисела Вода денеска беше свечено отворена со ревијален натпревар меѓу актуелниот ракометен шампион Вардар и ветераните на клубот.

Презентирана модернизираната сала

Посетителите имаа можност одблизу да го разгледаат обновениот спортски објект и да проследат богата програма исполнета со спортски демонстрации и активности наменети за сите генерации.

Дружење со спортисти и спортски легенди

Во рамки на програмата се предвидени дружења со спортисти и познати спортски имиња, како и презентации на повеќе спортови. Целта е „Расадник“ да биде промовиран како нов центар за развој на спортот и младинските активности во Скопје.

Вардар добива нов дом за домашните натпревари

Реконструираната сала во иднина треба да биде еден од клучните спортски објекти во главниот град, а во неа Вардар ќе ги игра своите натпревари во домашните натпреварувања.