Од МВР денеска соопштија дека службен разговор е извршен со Ф.И.(26) и С.А.(28), и двајцата од Скопје, осомничени дека сториле кривични дела „тешка кражба” по чл. 236 од Кривичниот законик, и тоа на 13.07.2021, 17.07.2021, 19.07.2021 и 22.09.2021 во спортска обложувалница во Шуто Оризари.

– Лицата ги признале делата со кои се стекнале со противправна имотна корист од 59.000 денари  и во целост го појасниле начинот на извршување на кривичните дела, со што четирите кривични дела се целосно расчистени. Против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, се наведува во соопштението од МВР