Британскиот комичар и актер Расел Бренд (51) е осуден на 10 години и шест месеци затвор за силување и сексуално напаѓање на четири жени, извршено помеѓу 2004 и 2009 година, одлучи денес судот во Лондон, оценувајќи дека тој ја искористил својата слава и признание за да дејствува како „пресметан сексуален предатор“.

Бренд е прогласен за виновен по едно обвинение за силување и три обвиненија за сексуален напад по четиринеделното судење во Крунскиот суд во Саутерк, објави Скај њуз.

Поротата го ослободи од обвинение по уште две обвиненија за силување и едно обвинение за обид за непристоен напад.