Цените на нафтата на азиските берзи утрово се зголемија откога САД извршија напад врз иранскиот остров Ларак, а Техеран возврати со напади врз американските бази во Персискиот Залив.
Барел нафта „Брент“ од Северното Море утрово се тргуваше за 2,88 проценти повеќе од вчера, односно за 90,64 долари.
А цената на американската лесна нафта порасна за 2,88 отсто, односно барел се тргуваше за 85,75 долари.
За зголемувањето на цената придонесе и најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека островот Харг, главниот ирански нафтен терминал, е срамнет, иако нема потврда од армијата.
