ММФ предвидува раст на светската економија од шест проценти за 2021 година, додека за 2022 година се прогнозира раст од 4,4 отсто.
Претходно, ММФ во јануари предвидуваше раст од 5,5 отсто. Минатата година светската економија забележа пад од 3,3 проценти.
Според ММФ 2021 година се очекува да биде најсилната од 1976 година.
Во својата прогноза, ММФ забележува дека бруто домашниот производ на САД ќе се изнесува 6,4 отсто, што е за 1,3 проценти поголем раст од јануарската прогноза. Тоа ќе биде еден од најбрзите раст во светската прогноза за оваа година.
Додека според прогнозата на ММФ економски раст на Кина ќе биде 8,4 проценти, што е за 0,3 отсто повеќе од претходната прогноза. Тоа би значело дека кинеската економија ќе објави најголем раст од 2011 година.
Германија се очекува да објави раст од 3,6 проценти (јануарската прогноза беше 3,5), Франција – 5,8 (претходно 5,5), Јапонија – 3,3 ( наместо 3,1), Велика Британија – 5,3 (во јануари се предвидуваше 4,5%), Канада – 5,0 (претходно 3,6) и Индија – 12,5 отсто (јануарската прогноза беше 11,5 проценти).
ММФ истакнува дека растот на глобалната економија зависи од имунизацијата против Ковид-19.