Продолжува расколот во Левица. Имено, утрово довербата на Димитар Апасиев ја откажа еден од најекспонираните функционери на Левица Аеродром и советник во општината, Дарко Масларковски. Тој е еден од близнаците кои го создадоа култниот рап бенд Пука Козметика, а на својот Фејсбук профил најави дека ја напушта Левица и ќе дејствува како независен пратеник.
Откако станаа сѐ погласни сомнежите дека СДСМ соработува со Левица и дека „не е сѐ како што изгледа“ во партијата на Апасиев утрово освен Масларковски, се одзва уште еден функционер, поранешен советник во општина Аеродром.
После ова не сакам да бидам дел од асоциран со партијата Левица. После ова Левица стана злото што сакаа да го уништат, напиша поранешниот советник од редовите на Левица.
Браќата Масларковски не се изолиран случај, туку дел од едно големо разочарување кон профитерите и кариеристи кои заедно со Димче се обединија за личен профит.
Се изјасни и советник од Левица во О.Аеродром кој претходно си даде оставка од фуницијата, токму поради овие причини.👇 pic.twitter.com/jDKEDzWvNO
— Tochka X (@tochkaiks) February 28, 2024
И адвокатот Јанаки Митовски се придружи на негативните коментари кон Апасиев. Најгласен во нападите е токму тој последниот период, а утрово се огласи и на Фејсбук.
Од Левица си одат моите другари и браќа кои се ЛИЧНО заслужни за порастот на партијата во општина Аеродром. Сега ќе му се пуштат партиски ботови да трубат дека се платени. Кој не го знае комплексашот скапо го плаќа!, напиша адвокатот Јанаки.
Претходно, целата фама настана по оставката од оваа партија на Дарко Масларквоски. Неговата објава има многу коментари за поддршка, а дел од нив се и од членови и симпатизери на Левица.