Осомничениот 32-годишен жител на Скопје, маскиран со маица преку лицето и со капа, на 18 август преку незаклучена врата влегол во дом на сосед во селото Бучимци. Со ловечки нож во рацете, му се заканил на сопственикот дека ќе го убие ако не му даде пари.
Исплашениот домаќин извадил 4.000 денари од комодата, но го замолил напаѓачот да му остави 1.000 денари, бидејќи му биле неопходни. Разбојникот се согласил и со 3.000 денари ја напуштил куќата.
Обвинителството соопшти дека до судијата на претходна постапка доставило предлог за притвор, бидејќи постои опасност осомничениот да избега, да го заплашува оштетениот или повторно да го изврши делото.