Швајцарскиот фармацевтски гигант „Рош“ објави дека развил ПЦР тестови за откривање на вирусот на мајмунски сипаници, откако се појавија неколку случаи во региони во светот каде болеста не е честа појава.

Тестовите развиени од „Рош“ не се наменети за пошироката јавност, туку се достапни за истражување во поголем дел од светот.

Тестовите беа развиени од филијалата на „Рош“ TIB Molbiol, како одговор на случаите на инфекција со мајмунски сипаници кои неодамна предизвикаа загриженост, се вели во соопштението.