Неколку „Твитер“ корисници, поддржувачи на владејачката СДСМ, отворено се спротивставија на навивачите кои играа оро во Букурешт и пееја македонски песни, ги нападнаа пилотите кои го истакнаа првото државно знаме на Република Македонија на авионите пред полетување, а се осврнаа и кон коментаторите на натпреварот. Мнозинството од граѓаните пак, веднаш реагираа на овие написи и бурно реагираа кон нашите сограѓани кои ги имаат овие несфатливи ставови.
Целата приказна почна кога корисникот „Биби“ кој во овој момент ја има блокирано целата Твитер заедница, напиша твит со обраќање до „ВизЕр“ дека нивните пилоти истакнале „погрешно“ знаме и ги упати на актуелното државно знаме на, како што напиша, „РСМ“.
И професорката Мирјана Најчевска не остана попуста. За неа, секој кој го користи првото државно знаме на независна Република Македонија го негирал нејзиното словенско потекло.
Извесен корисник потпишан Цене, се придружи на низата навредливи коментари кон фановите, нарекувајќи ги сите „заостанати“.
А не останаа само на знамето. Овие личности се потсмеваа со македонското оро кое се играше во Букурешт, велејќи дека се срамат од актот на навивачите.
Коментаторите исто така беа обвинети дека коментираат партиски митинг, а имаше и барања истите да бидат заменети.
Погледнете за што станува збор:
Сепак, ова се само неколку поединци кои веднаш беа критикувани од страна на огромен број на граѓани, а многумина од нив заработија и „блокови“ бидејќи овие „анти-македонисти“ не сакаа да слушнат поинакво мислење. Многу од нив станаа мета на потсмев и им беше возвратено од страна на целата заедница на Фејсбук и Твитер.
Еве каква беше реакцијата кон овие коментари:
На камен да ве источкаа, немаше да се срамите 🤺
Posted by Приказни од булеварот on Sunday, June 13, 2021