По одлуката на Уставниот суд за балансерот, реакции од партиите од албанскиот блок. Одлуката е инспирирана од очигледната потреба на криминалните структури на претходната власт за создавање меѓуетнички проблеми и дестабилизација на внатрешните односи во државата, соопштија од Вреди.
Оттаму информираа дека работат на нов закон за решавање на прашањето за правична застапеност.
Според поранешниот министер за правда Кренар Лога, македонската политичка елита го користела Собранието за да ги мајоризира Албанците. Сега, откако тоа им е оневозможено во законодавниот дом, тие ја префрлија оваа практика во Уставниот суд. За жал, Северна Македонија се лизга по пат кој е докажано фатален за неа, напиша потпретседателот на Алијанса за Албанците и екс министер за правда, Лога.