Лани домашниот бруто производ (БДП) изнесувал 1.105.239 милиони денари, или 17,97 милијарди евра, објави денеска Државниот завод за статистика. Пресметан по жител изнесува 607.104 денари (9.855 евра).

Речиси половина (47,1%) од БДП е создаден во Скопскиот регион, а најниско учество од 4,4% има Североисточниот регион. Но најголем годишен раст на БДП лани не е забележан во Скопскиот регион, туку во Југозападниот Регион, каде што тој изнесувал 11%.

Скопскиот регион остварил и највисок БДП по главна на жител 13.890 евра што е над државниот просек. Втор регион кој остварил повисок просек на БДП по глава на жиел има Југоисточниот регион кој изнесува 10.162 евра. Останатите региони се под државниот просек по БДП по жител.

Ако се споредат, пак бруто инвестициите, податоците покажуваат дека повторно тие биле концентрирани во Скопскиот регион со учетво од 45,2%.Но повторно кога се споредува нивниот раст со 2024 година, највисок раст од 39,9% е регистриран во Полошкиот Регион.