Редарите немаат можност да го утврдуваат идентитетот и да проверат дали потврдата се совпаѓа со личните карти. Таква можност имаат само полицајците, кои денеска не ги забележавме во Трговскиот центар што го посетивме.
Во моловите е забележлива намалената посетеност од страна на граѓаните,а продавниците и ходниците се полупразни, што е невообичаена слика во периодот на сезонските распродажби. Од Капитол Мол во скопски Аеродром велат дека најголем дел од посетителите се запознаени со новите рестрикции.
– Нашите служби ги проверуваат само серитификатите од вакцинацијата или прележан вирус останатите обрски се дел од обврските на МВР и полицијата доколку има некои инцидентити или такви случаи се повикува службата на МВР за евентуални реакции досега не сме имале такви се надеваме нема да имаме. Би сакале да ги повикаме сите посетители на толерантен однос, вели Оливера Дебарлиева – Лице за односи со јавност на „Капитол Мол“.
Потврдата за примена вакцина или прележан ковид ги испразни и кафулињата, таква беше сликата денеска напладне во најпознатите локали во скопски Аеродром. За новите рестриктивни мерки граѓаните со поделени мислења, за едни се нелогични, за други пак тие се неопходни.