Во изминатото деноноќие регистрирани се 792 нови случаи на Ковид-19, десет пациенти починале, а 104 оздравеле, соопшти Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци на Институтот за јавно здравје.

Во последните 24 часа се направени 9.270 тестирањa, а регистрирани се 792 нови случаи на КОВИД-19. Во Скопје – 245, Тетово – 136, Гостивар – 127, Куманово – 59, Кичево – 42, Струмица – 37, Охрид и Дебар – по 23, Струга – 16, Битола – 15, Ресен – 11, Велес – 9, Штип – 8, Радовиш – 7, Прилеп, Кочани и Делчево – по 5, Кавадарци и Виница – по четворица, Свети Николе и Берово – по двајца, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево и Дојран – по еден.

Регистрирани сe 104 оздравени пациенти од Скопје – 31, Тетово – 26, Гостивар – 16, Куманово – 8, Кичево, Струмица и Берово – по 3, Велес, Штип, Кочани, Кавадарци и Пехчево – по 2, Битола, Радовиш, Прилеп и Македонски Брод – по 1.

Пријавени се десет починати лица од кои четворица од Гостивар (44, 65, 69 и 74 години), тројца од Скопје (33, 71 и 83 години), двајца од Тетово (67 и 84 години) и едно починато лице од Куманово (60г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 161 359, на оздравени пациенти е 150 774, на починати е 5 542, а бројот на активни случаи изнесува 5 043.