– Со голема радост го очекуваме големиот празник Фитр Бајрам, празник на најголемите награди на годината. Овој ден претставува задоволство на Семоќниот Аллах за големата посветеност што ја покажавме во текот на месецот Рамазан, за време на кој со срце и душа, со висока свест и со целото битие, ги постевме деновите на Рамазан, покажувајќи ја во пракса непоколебливата врска со нашиот Створител. Ние ги реформиравме нашето размислување и личност, ги облагородувавме нашите души и срца, негувајќи ја високата свест за Господ, како и за човекот и светот околу нас, пишува Реисул Улема, Шаќир Фетаи.

Дел од честитка на претседателот на ИВЗ, Фетаи, се состои и од делови (ајети) од Светата книга Коранот, каде се вели дека тспасен е тој кој ќе се чисти, ќе го спомне името на Господарот и ќе се клања.

– Овој благословен Рамазан, беше со нас во најтешките моменти кои ги донесе опасната болест Ковид-19 и коегзистираше со нас во текот на сите денови во текот на постот. Ова направи вредноста за верникот да биде уште поголема затоа што водевме двојна војна, едната против проколнатиот ѓавол, а другата во нашите напори да придонесеме за исчезнување на вирусот за да се спасат животите на луѓето, пишува Фетаи.

Во ова прилика реисот Фетаи, наведува дека „се моли на Семоќниот Аллах со молитва да го прифати постот, обожувањето, молитвите, милостина на верцните и да ги усреќи срцата на сите луѓе ширум светот, да ги спаси и подигне послабите, да ги помири срцата на луѓето за да живеат во мир и хармонија, да ги лекува срцата и раните на семејствата на жртвите од опасната болест и да го зајакнат нашето единство за доброто на нашите семејства, на нашиот народ и на и целиот човечки род“.