Нов рекорден број на новозаразени лица со ковид-19 е регистриран во Австрија од почетокот на пандемијата.
Според Системот за епидемиолошко известување (ЕМС), во последните 24 часа во Австрија се регистрирани 37.373 новозаболени лица.
Пред една недела бројот на новозаразени беше 27.677.
Во основа, во среда секогаш се бележи поголем број новозаболени отколку во другите денови, бидејќи тогаш најголем број на тестирања направени во училиштата се регистрирани во ЕМС. Само во Виена се регистрирани 12.121 новозаразено лице, потоа Горна Австрија со 4.698, Тирол со 4.501 и Долна Австрија со 4.142.