Аукциската куќа Heritage Auctions објави дека со продажбата на играта „Супер Марио Брос“ се поставени два светски рекорди. Првиот рекорд се однесува на копија на играта од првата продукциска серија, додека вториот е за отворена видеоигра со целосно зачувано оригинално пакување.
Станува збор за американско издание од 1985 година, препознатливо по мат налепницата на кутијата.
Примерокот доби вкупна оцена на PSA од 9,0, при што самата кутија беше оценета со 8,5, кертриџот со 9,2, а упатството со 9,0. Според каталогот на аукциите, овој пример ја дели највисоката оценка меѓу четири познати целосни примери на истата варијанта во записите на PSA. Продажбата беше реализирана на 20 ноември, за време на првиот ден од дводневната аукција на видеоигри.
„Ознаката „complete-in-box’“ значи дека кутијата е отворена и играта е искористена, но пакувањето сè уште го содржи кертриџот, упатствата и сè друго што купувачот го добил кога играта била продадена на мало“, соопшти аукциската куќа.
Во оваа категорија копијата постави нов рекорд.
Најскапиот предмет на истата аукција беше неотворена копија од играта „Супер Марио Брос“ од втората продукциска серија, со сјајна налепница и PSA рејтинг од 8,5, која беше продадена за 131.250 долари. Вкупно три копии од играта беа меѓу десетте најскапи предмети на аукцијата, кои заедно беа продадени за околу 2,52 милиони долари.
„Возбудливо е да се види како интересот на колекционерите за овие исклучително ретки рани NES игри продолжува да расте. Тешко е да се прецени важноста на играта „Супер Марио Брос“. Тоа е игра за домашна конзола, а колекционерите јасно го препознаваат нејзиното место во историјата на видео игрите“, рече Еван Мајзингил, директор за прифаќање на видео игри во „Херитиџ аукшнс“.
