Инфлацијата не стивнува во Белгија ниту во месец јуни и го постигна своето највисоко ниво од 1982 година, јави дописничката на МИА од Брисел.
Со инфлација од 9,65 отсто во јуни, споредено со 8,97 отсто во мај, статистичкиот завод на Белгија денеска информираше дека повисока стапка е постигната само во октомври 1982 година, кога инфлацијата изнесувала 9,84 отсто.
Цените на енергенсите се главната причина за ова рекордно покачување на цените. Само за енергијата инфлацијата е над 55 отсто.
Прехранбените производи бележат исто така огромно зголемување, со инфлација од 8,44 отсто во јуни, во споредба со 6,32 отсто во мај годинава.
Најголемо поскапување има во цените на горивата, телекомот, месото, лебот, житариците, парното греење, возилата, кириите, млечните производи и безалкохолните пијалаци. Намалување на цените има за алкохолните пијалаци, струјата и облеката.