Поранешната функционерка на СДСМ и експерт по безбедност, Фросина Ременски, на својот профил на Фејсбук истакна свое мислење дека никој не би купил конфискуван имот кој порано му припаѓал на шефот на тајната полиција Сашо Мијалков.

Изминатите денови Управата за одземен имот објави повик за продажба на два стана во Охрид, земјиште во Студеничани и плац на Кожуф, запленети од поранешниот директор на УБК во „Империја“. Лицитацијата е закажана за 25 август доколку има повеќе од еден заинтересиран. Претходно, во јули беше објавен пакет со удели во различни акционерски друштва во вредност од околу 250.000 евра кои му припаѓале на Мијалков, но се уште не се купени.

„Не е проблемот што никој не се јавил да купи, туку дали воопшто некој смее да купи нешто што “му припаѓа” на бато Сашо … Кога никој не го казни начинот на кој се преземаа фирми, удели и акции по фирми и кој систем го правеше тоа во негово име, тогаш подолго време ќе читаме написи како никој не купил ништо на лицитациите …, државни. Баш ме интересира кој ќе го купи станот во Охрид што Сашо го пријави како живеалиште за да може да одмара и вози комбе во затворот во Струга“, објави Ременски.