Преку електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk, Град Скопје ги решава секојдневните барања и проблеми на граѓаните.

На оваа електронска адреса граѓаните можат да пријавуваат проблеми, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа. Досега на адресата пристигнати се 618 барања, решени се 561, а во фаза на решавање се 57 барања.

Најголемиот број од поднесените барања на граѓаните се за решвање на проблеми од животната средина, за постапување на градските инспектори, прашања за даноци и комуналната хигиена.