Преку новата делница од Скопје до Охрид и Струга ќе се патува за околу час и половина. Премиерот Христијан Мицкоски заедно со повеќе владини претставници, пред се со министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, како и амбасадорката на САД, Ангела Агелер, извршија обиколка на градежните активности за изградба на овој автопт.
Решивме да работиме, а не да бараме изговори
Решивме да работиме, а не да бараме изговори, рече министерот за транспорт. Николоски истакна дека ваквиот проект започнува со реална работа по 50 години, а упати и благодарност до сите кои биле инволвирани во проектот.
Видеото од неговото обраќање може да го погледнете во продолжение:
Проектот е важен за бизнисите и туризмот
Директорот на државните патишта најави дека се очекува процесот на експропријација комплетно да се заврши до Нова година.
Од Конзорциумот „Бехтел и Енка“ велат дека оваа делница е од голема важност за сите, посебно за домашните работници.
„Проектот кој значи побрзи и побезбедни патишта е од исклучителна важност за граѓаните и секако за бизнисите, а тоа придонесува за голем социо-економски развој. Над 750 членови на тимот се локално население од најразлични дејности. Ние и натаму ќе го зголемуваме бројот, како што ќе напредува проектот“, велат од „Бехтел и Енка“.
Делницата Гостивар – Букојчани, една од четирите коишто треба да бидат завршени во наредните неколку години. Целиот проект тежи една милијарда и 300.000 евра, а според првичниот план ќе се гради нешто повеќе од 4 години.
Механизацијата започна со работа
Активностите започнаа во близина на селото Вруток. Ќе води до албанска граница, но и до Кичево каде што ќе се оди до туристичката атракција Охрид. Експропријацијата на земјиштето ќе се заврши до Нова Година. Механизацијата е на местото. Заживува македонската економија.
Наспорти многумина кои сметаа дека ваквата експанзија во инфраструктурата нема да успее, министерството за транспорт предводено од Николоски го докажа спортивното: Ќе се гради, а нема само да се ветува – владата не бара изговори.