Обвинетиот Спиро Ристовски изјави:
– Станува збор за невистинит исказ од лицето Александар Василевски – Нинџа. На денот на настанот не сум комуницирал, ниту пак сум го сретнал во просторите на ВМРО-ДПМНЕ, како што тој тврди. Во тој период немав никаква партиска функција, не сум имал никаков контакт со структурите на партијата
На протестите ,,За заедничка Македонија”, тој истакна дека лично не присуствувал.
– Поединци од партијата ВМРО-ДПМНЕ колку што знам ги поддржуваа протестите, а партијата како субјект мислам не ги подржуваше. Од организаторите на протестите го знам само Богдан Илиевски, и него ретко сум го сретнал, изјави Ристовски.
Дента на 27 април, како што наведе, извршувал приватни работи, односно одреден период бил во Министерството за образование.
– Околу 17 часот отидов во партијата во Центарот за комуникаци, го чекав Земри Ќамили за да одиме во посета на поранешниот министер за образование Абдилаќим Адеми. Во тој период почнаа настаните во Собранието. За цел тој период бев во партијата, ситуацијата беше хаотична. Имаше огромен број на луѓе градоначалници, пратеници. После полноќ штабот на Центарот за комуникаци беше преполн, рече Ристовски.
Воедно, тој истакна дека чудно и несфатливо за него е комбинацијата како го поврзале со случајот. Освен со обвинетиот Миле Јанакиески, за кој рече дека имал приватна комуникација, со другите обвинети Ристовски, посочи дека имал исклучителен службен контакт.
Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението на денешното рочиште е обвинителката е Катерина Коларовска.
Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.