Извршниот директор на комапнијата, Брендон Александар, секое лето од детството го минувал на имотот на своите во Тексас, одгледувајќи памук, компири и кикирики. Потоа дипломирал во областа на информатичките технологии. Со ова знаење, Александар почнал бизнис со самостојно земјоделство во 2018 година, во Гилрој, Калифорнија.
За да го елиминираме отпадот и за навистина да го достигнеме следното ниво на одржливост и влијание, треба да го преиспитаме целиот процес на одгледување – вели Александар.
Целта на новата земјоделска технологија е да го направи земјоделскиот сектор независен од јаглерод. Досега се обезбедени 47 милиони евра (53 милиони американски долари) од инвеститори.
Во стаклена градина на компанијата, со помош на роботите Гровер и АДА, се одгледуваат босилек, јагоди и други култури, користејќи хидропонски систем.
Податоците за земјоделските култури постојано се собираат за вештачката интелигенција да научи што им треба на растенијата, во смисла – подобрени приноси и намалено негативно влијание врз животната средина. Така, пријавените придобивки покажуваат 30 пати зголемен раст во споредба со нормалните фарми co користење на 90 отсто помалку вода и струја.
Земјоделството досега е втората најголема причина за глобалното затоплување.