Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска изјави дека поради американските санкци попречен е увозот на вакцини против Ковид-19.
– Нарачуваме вакцини, плаќаме за нив, но пред увозот производителите ни кажуваат дека се плашат од американските санкции, што доведува до пролонгирање или дури до откажување на нарачките. Овој економски тероризам што ни го наметна (поранешниот американски претседател Доналд) Трамп сè уште трае, истакна Рохани.
Тој не прецизира за кои земји станува збор, но најверојатно алудираше на Индија, која минатата недела блокира извоз на 370.000 вакцини во Иран, поради санкциите од САД воведени кон Терхеран поради иранската нуклеарна програма.