Евроамбасадорот вели дека е направена значајна работа во изминатиот период
Евроамбасадорот Михалис Рокас од Крушево порача дека споредбено со минатогодишниот извештај на Европската комисија, во државата е забележано забрзување на реформскиот процес. Тој изрази очекување дека новиот извештај ќе покаже конкретен напредок и резултати.
Рокас посочи дека подготовката на Извештајот на Европската комисија е во тек и дека документот треба да биде финализиран во септември.
„Годишниот извештај на Европската Комисија е во тек на подготвување и треба да се финализира до септември или во почетокот на септември, така што мислам дека тоа што може да се нотира таму е дека многу макотрпна работа е направена досега. Јас сум убеден дека ова ќе биде извештај кој ќе покаже напредок, кога ќе се спореди со минатиот Извештај на Европската Комисија“, изјави Рокас.
Рокот за дел од реформските мерки истекува во јуни
Тој нагласи дека Европската Унија активно соработува со Владата и министерствата во повеќе области поврзани со реформската агенда.
„Но, она што е поважно е реформската агенда. Европската Унија има блиска соработка заедно со Владата и со министерствата со цел да може да се направи напредок во неколку сфери“, рече евроамбасадорот.
Рокас потсети дека до крајот на јуни истекува рокот за дел од мерките и чекорите што треба да ги реализираат институциите.
„Што се однесува на некои чекори или мерки кои требаше досега да бидат спроведени од Владата и од министерствата, нивниот рок истекува кон крајот на јуни. Меѓутоа, генерално, кога ќе се спореди со Извештајот од минатата година, може да нотираме дека има забрзување на процесот на реформите, така што јас искрено се надевам дека годинашниов извештај ќе може да покаже дека е направен напредок и дека ќе има и резултати“, изјави амбасадорот на Европската Унија во Македони
