Од РСБСП препорачуваат во текот на Новогодишните празници да не се вози под дејство на алкохол. возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот и да ги почитуваат правилата за нејзиното ограничување, да не се користи автомобилот доколку немате потреба, да се користи зимска опрема. Се препорачува возилото да биде технички проверено и исправно, постојано да бидеме информирани за состојбата на патиштата, да се внимава на ниските температури и на појавите на снег и голомразица. Од РСБСП наведуваат дека не треба да се користи и мобилен телефон додека возите, да се користи сигурносен појас и да се почитуваат ги правилата и сите учесници во сообраќајот.
– Новогодишните празници се време за одмор и уживање, за радост, споделена среќа и дружење со најблиските! Токму затоа тие се и период на поголема раздвиженост на луѓето, зголемен број на возила на патиштата и повеќе патувања. Прославете ги одговорно и возете внимателно и безбедно. Не дозволувајте непромислена грешка во сообраќајот да го наруши спокојството и благодетот. Обрнете внимание на зголемената фрекфенција во сообраќајот, вклучете се во него совесно, возете одговорно и патувајте безбедно до посакуваната дестинација, се посочува во апелот од РСБСП.
Заеднички интерес на сите нас, се подвлекува, е намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди и подигањето на свеста за совесно учество во сообраќајот.
– Да покажеме дека културата на однесување во сообраќајот, особено за време на Новогодишните празници е на издигнато ниво. Заеднички да придонесеме за зголемувањето на безбедноста на секој учесник во сообраќајот, се вели во соопштението од РСБСП.